Литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбијан, Австралија свечено прослави 5-годишнина

Со мотото да се поттикнат младите да го зборуваат и чуваат македонскиот јазик, литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбијан ( Австралија ) во рамките на кое егзистира и истоимената библиотека, ја прослави петгодишнината од своето основање.
На настанот на 2-ри април на кој љубителите на македонскиот пишан збор уживаа во рецитирањето на поезија и проза, беше промовиран романот “Во потрага за белиот леб” од Велика Џангаловска Гатсис како и стихозбирката “Во прегратките на љубовта” од Др. Емил Попорданоски. Според претседателот на друштвото Наум Трајчески, потребни се повеќе вакви настани за промовирање на македонското литературно творештво во Австралија.
Извор: SBS