мај 29, 2023

Листа на најпаметни нации- на кое место е Македонија?

Погледнете како изгледа мапата на најпаметните нации во светот и каков е просечниот коефициент на интелигенција во Македонија и другите земји. Не стоиме баш најдобро.

Според студијата од 2019 година на истражувачите Ричард Лин и Дејвид Бекер, Јапонците имаат највисок коефициент на интелигенција во светот, со просек од 106,49.На листата топ 10 држави во кои живеат народи со највисок коефициент на интелигенција се Тајван 106,47, Сингапур 105,89, Хонг Конг 105,37, Кина 104,10, Јужна Кореја 102,35, Белорусија 101,60, Финска 101,20, Лихтенштајн 101,07, а десеттото место го делат Холандија и Германија со просечен коефициент на интелигенција од 100,74.

Просечниот коефициент на интелигенција е 98,16, што не става под просечно паметни, со просечен коефициент на интелигенција во Македонија од 81,91.

За земјите од регионот, просечниот коефициент на интелигенција во Србија е 89,6, Босна и Херцеговина е 88,54, во Унгарија 99,24, Хрватска 95,75, во Бугарија 90,99, Црна Гора 85,78, во Албанија 81,75 и во Романија 86,8.

Според интерактивна мапа врз основа на податоците од оваа студија, најнизок просечен коефициент на интелигенција има на африканскиот континент, кој е означен со виолетова боја.