јуни 10, 2023

Ле Пен бара отштета од САД ако ЕУ го забрани рускиот гас

САД треба да и’ платат отштета на Франција за загубите доколку ЕУ ги забрани руските компании за пренос на енергија, изјави француската претседателска кандидатка Марин Ле Пен.

„Американците, кои ќе ни продаваат течен гас и од него ќе остварат солидна добивка, би можеле да ги префрлат парите во Франција како компензација за антируските санкции“, изјави Ле Пен за телевизијата БМФ, Таа истакна дека Вашингтон врши притисок врз руските енергетски дистрибутери.

Ле Пен смета дека ако Вашингтон успее да ги прекине испораките на руски гас за ЕУ, тоа ќе резултира со неподносливо високи сметки за Французите.