Лавров: Македонија е инструмент на анти-руската игра на Западот

„Западот се обидува Македонија и Црна Гора да ги претвори во алатки во анти-руската игра.“ – Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за здружението „Наше Кино“.
Во својата изјава министерот констатираше дека постои огромна разлика помеѓу односот кој граѓаните го негуваат кон Руската Федерација и односот кој Владите (политичарите) го претставуваат.
Според Лавров, ова е „идентичен пристап на Западот како она што се обидоа да го направат од Украина и во голем број други источноевропски земји“.