Кулеба ќе се сретне со Лавров

Лавров и неговиот украински колега ќе се сретнат во четвртокот во Турција. Ова го потврди Кулеба за украинска телевизија откако претходно веста беше потврдена од Русија и од Турција, која е организатор на средбата. Кулеба изјави дека ако Лавров е подготвен за сериозен, содржаен разговор, тогаш и тој е подготвен, рече дека ќе разговара со сите што треба за да се воспостави мир.
Русија претходно потврди дека нејзиниот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се сретне со својот украински колега Дмитриј Кулеба и со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на дипломатски форум во Турција на крајот на неделата.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека договор за тристраната средба е постигнат за време на телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „на иницијатива на турскиот лидер“.