Кој е народниот кандидат за градоначалник на општина Охрид, Гоце Цветковски?

Кој е народниот кандидат за градоначалник на општина Охрид, Гоце Цветковски?
Georgi Goce Cvetkovski е член на Движење Бојкотирам кои се во независна коалиција со TMRO и е под број 26 на кандидатските листи.
Гоце е народен човек кој со само едно гостување на дебатата за градоначалници на @Телевизија 24 ги освои срцата на македонскиот народ! Гоце со јавно објавување дека ако стане градоначалник на Охрид ќе се вее нашето национално македонско знаме, симболот на обединување на Македонците од целиот свет, симболот кој овие фашисти пробаа да го брусат од шахтите но никогаш нема да го избришат од меморијата на нашата ДНК, симболот кој е изрезбан на сите наши цркви и манастири, во сите наши македонски срца, во сите наши души, симболот на борбата против фашистите од соседството и домашните предавници потпомогнати од западните хиени кои со векови се борат да ја снема Македонија а со неа и македонскиот народ, 16 кракото сонце на Филип и Александар или народно познато како сонцето од Кутлеш ЕГЕ, покажа дека Македонија е жива и дека сите други македонски партии кои се кријат и им е страв да го истакнат, се ништо друго освен полтрони на западните сили.
Гоце на сите им покажа што значи да се биде патриот, националист, да се сака својата земја, својот род но и другите малцинства кои живеат во неа. Ги повикуваме сите родољуби, патриоти, националисти да го истакнат Гоцевото знаме односно знамето со сонцето од Кутлеш ЕГЕ на нивните тераси, куќи, кровови, дома или каде и да ви одговара. Вејте го гордо на сите спортски манифестации, на сите протести, на сите јавни настани, на вашите домашни прослави. Вејте го за да им покажеме дека ние Македонците сме живи, постоиме со сета своја карактеристика и симболика!
Носејќи го знамето на своите плеќи во текот на целата емисија Гоце официјално го означи отпорот против диво творбата “северна” и го означи почетокот на рушењето на “северна”. Им покажа дека не мора да се биде послушен полтрон за да се спроведуваат одредени цели. За да биде отпорот уште појак тој јавно им кажа на своите опоненти од @СДСМ и @ ВМРО ДПМНЕ дека им носи подарок вегета, од своите сограѓани од Охрид за да имаат со што да го зачинат мезето кога ќе слават за тендерите кои си ги поделиле меѓу себе.
Во време кога сите пробуваат да го наметнат ставот дека северџанистан е реалност тој јавно стана и кажа НЕ, МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ЖИВИ, а “северна” е мртва!
Никој, ама баш никој Македонец не смее да го помни Гоце по подвигот со вегетата, туку по јавното објавување на македонското знаме со сонцето од Кутлеш ЕГЕ во окупирана Македонија! Историјата, а и сите ние, Гоце треба да го помниме по неговиот настап на кој се соочува со окупаторите и јавно им ја кажува вистината во очи!
Ете ова е нашиот Гоце Цветковски, нашиот МАКЕДОН-МАН, идниот градоначалник на Охрид, кој ќе биде првата слободна територија во окупирана Република Македонија!
Апел до сите Македонци во општина Охрид: ГЛАСАЈТЕ ЗА ГОЦЕ ЦВЕТКОВСКИ! ГЛАСАЈТЕ ЗА ЧЕКОР ДО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА! Заокружете бр. 26
Да живее МАКЕДОНИЈА! Да живее МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! #Никогаш северна #Само МАКЕДОНИЈАМакедонија вечна!
Превземено од Kukuzel
https://www.facebook.com/kukuzelMakedonija/https://twitter.com/1VidiVidi/status/1446154724563210240