Колку луѓе живееле на Земјата од почеток до сега, колку има денес а колку имало во минатото?

7,6 милијарди луѓе во моментов живеат на Земјата, според Бирото за попис на САД. Пред 2.000 години светското население било само 170 милиони. Обединетите нации (ОН) проценуваат дека глобалното население расте со брзина од 250 луѓе секоја минута, а се очекува до 2100 – та да достигне до 11 милијарди.
Сепак, со растот на населението доаѓаат предизвици, вклучително и поголеми барања за ресурси како што се храна, вода и земја.
Која земја има најмногу луѓе, а која најмалку?
Шест земји – САД, Бразил, Пакистан, Индија, Кина и Индонезија – сочинуваат речиси половина од светското население. Кина и Индија се на врвот на листата со најголема популација во светот.
Се проценува дека Кина има 1,42 милијарди луѓе, додека Индија има околу 1,35 милиони луѓе. Во меѓувреме, со население од помалку од 1.000 луѓе, Ватикан го држи рекордот за земја со најмала популација во светот.
Која популација е најстара, а која најмлада?
Граѓаните на Монако се меѓу најстарите во светот, со просечна возраст од 51,1 година. Земјата со најмлада популација во светот е Нигерија, каде речиси 60% од населението се млади луѓе на возраст од 18 или помлади.
Која земја има најголема густина на население, а која најмала?
Густината на населението во светот е околу 47 луѓе на квадратен километар. Со неверојатни 18.500 луѓе на квадратен километар, малиот кинески регион Макао има најголема густина на население во светот. Монголија, од друга страна, има најмала густина на население во светот. На секој квадратен километар има само двајца Монголи.
Колку луѓе некогаш живееле на Земјата?
Според некоја статистика од 2011 година, се проценува дека во текот на историјата на планетата живееле севкупно 108 милијарди луѓе?.
Растот на населението најверојатно ќе забави во наредните години.
Дали светската популација ќе продолжи да расте? Иако светската популација е тројно зголемена во текот на изминатите 70 години, тој раст би можел да забави. Последните прогнози велат дека сегашните 7,6 милијарди ќе се зголемат само малку во следните неколку децении.