јуни 10, 2023

Ковачевски ќе се сретне со Мицотакис во Берлин

Премиерите на Македонија и Грција, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис ќе се сретнат во Минхен на маргините на Конференцијата за безбедност. Тоа ќе биде и прва нивна средба.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека Мицотакис во текот на денешниот ден ќе оствари низа средби меѓу кои и со премиерот на Македонија.

Владината делегација на Македонија на 58-та Минхенска конференција за безбедност ја предводи премиерот Димитар Ковачевски а ја сочинуваат и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Од прес службата на Владата соопштија дека за време на тридневната работа на конференцијата ќе учествуваат на повеќе централни и придружни настани во рамките на конференциската агенда, како и на повеќе заеднички и одделни билатерални средби