декември 2, 2023

Ковачевски во стил на Баба Ванѓа, предвиде и погоди за немирите!

Премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел сподели информација дека за вечер се подготвува сценарио кое не доликува на држава членка на НАТО.

Информациите Ковачевски ги добил од министерството за внатрешни работи кои денес го брифирале за „пеколното сценарио“.

Меѓутоа меѓу народот не стивнуваат обвинувањата кон власта дека провокациите на денешните протести пред Собранието на РМ биле наместени со цел да се тепа и апси народот.