јуни 10, 2023

Кирјаков на Петков: Кога ќе ги признаете Македонците, полицијата го отстрани

Македонски активист Атанас Кирјаков (ОМО Илинден Пирин) му поставува прашања на бугарскиот премиер, пред да биде отстранет од бугарската полиција:
31.03.2022 Благоевград
“Денеска му поставив прашања на премиерот на Бугарија г-дин Кирил Петков, на кои господинот премиер не сакаше да одговори.
Еве ги моите прашања:
– Почитуван господине премиер,
Кога ќе ги признаете Македонците во Бугарија и кога бугарскиот суд ќе ги регистрира Македонските здруженија и организации во Бугарија? ОМО, Илинден, до денес 14 пати ја осудуваше Бугарија пред судот во Стразбур за кршење на човековите права и слободата на Македонците во Бугарија.”

По поставеното прашање Петков даде знак на полицијата и Кирјаков беше отстранет.

Демократија по бугарски! По моите прашања упатени до премиерот за кршење на човековите права на Македонците во Бугарија, под негов поглед, и откако премиерот мавна со прст кон мене, бугарската полиција веднаш интервенира и ме отстрани за да не поставувам повеќе прашања, беше коментаарот на Кирјаков на фб.

https://www.facebook.com/photo?fbid=1022051098728839&set=a.124566998477258
еве линк до фб страната на Кирјаков

https://www.facebook.com/photo?fbid=1022051098728839&set=a.124566998477258