мај 29, 2023

Кина: САД праќа оружје и крева тензии во Украина

САД ги зголемува тензиите и создава паника, обвини Кина, откако Вашингтон објави санкции против Москва и најави дека ќе продолжи да испорачува оружје на Украина.
Активностите на САД „ги подигнаа тензиите, создаваат паника, па дури и најавија распоред на војна“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг.

Ако некој долева масло на огнот додека ги обвинува другите…тогаш тоа однесување е неодговорно и неморално,.
Кина повика на преговори и консултации за да ги решат прашањата за одржување на регионалниот мир и стабилност, Кина нема да воведе санкции против Русија.