Кина на ЕУ: не додавајте масло на огнот

Кина продолжува со својата позиција која се покажува поумерена кон ситуацијата во Украина по нападот на Русија. Џинпинг се обрати до меѓународната заедница: Не додавајте масло на огнот за да не се влоши конфликтот. Претседателот на Кина, Џинпинг ѝ порача на меѓународната заедница да ги поддржи преговорите меѓу Украина и Русија.Џинпинг им кажал на лидерите на Европската унија (ЕУ) дека жали поради ситуацијата во Украина, но и дека мора да помогнат во преговорите. – Не додавајте масло на огнот за да не се влоши конфликтот, рече тој.