Киев сака одложување на преговорите

Киев се обидува да ги одложи мировните преговори, Москва сака тие да продолжат, ова го рекол рускиот претседател Владимир Путин во разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц.
– Режимот во Киев на секој можен начин се обидува да го одложи преговарачкиот процес, и изнесува сè понереални предлози – смета Кремљ.
Русите продолжуваат да бараат решение во согласност со нејзините „добро познати принципиелни пристапи“, пренесува Ројтерс детали од разговорот.
Олаф Шолц повика на прекин на огнот во Украина, изјави портпаролот на германската влада.
Шолц зборувал за потребата од подобрување на хуманитарната ситуација и за побрз напредок во наоѓањето дипломатско решение.