јуни 10, 2023

Киев воведе полициски час

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко преку социјалнат мрежа Телеграм објави дека во Кивв ќе биде воведен полициски час, кој ќе трае од 22 до 7 часот изутрина.

-Пријатели! Киев од денеска воведува полициски час. Ќе трае од 22 до 7 часот наутро. Во услови на воена агресија и вонредна состојба, неопходна е безбедноста на жителите на престолнината, објави Кличко на Телеграм.

Јавниот превоз нема да функционира за време на полицискиот час. Истовремено, метро станиците деноноќно ќе бидат достапни како скривалишта.

Курир.