декември 5, 2023

КАРТОНСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ НЀ ПЛАШАТ НА АВТОПАТ! МВР со макети во Тетово (ФОТО)

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска стартуваше со пилот-активност, чија цел е превентивно да се влијае за поголем сообраќаен ред и безбедност на патиштата на подрачјето кое ингерентно го покрива, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).„Станува збор за мобилна макета на полицаец со радар, која неколку часа беше поставена на надвозникот за тетовско Камењане, а која според првично сондираните сознанија и искуство, позитивно се одрази врз брзината со која се движеа возилата во насока кон Гостивар и обратно.Макетите, како што веќе споменавме, се мобилни и тие ќе се преместуваат и на регионалните и локалните патишта“, се вели во објавата на Фејсбук.