декември 2, 2023

Капело: Македонија физички беше супериорна и во динамика, сила и пред сѐ – одлучност

Јас одамна зборувам дека ние го копираме фудбалот на Пеп Гвардиола од пред 15 години, а немаме квалитет за тоа. Македонија вчера беше физички супериорна во однос на нас и тоа во динамика, во сила и во одлучноста. Знаеа што сакаат. Ние сакаме нешто да копираме, ако го ‘преземеме’ германскиот модел нема да одиме напред, ако сакаме да бидеме како Шпанците, кои технички се супериорни, нема да може тоа да го сториме на повеќе од 50 отсто. Единствено нешто што треба да ископираме е германскиот модел да играме вертикално и во длабочина. А, во моментов во Италија, единствен тим што има некаков успех е Аталанта. Не може сѐ уште да сфатиме дека за да имате успех, мора да имате модел, да играте на некаков начин. И на крај сѐ се сведува на менталитетот“, вели Капело.