мај 29, 2023

Кабинет на Зеленски: снимката со измачувањето на руските војници е воено злосторство

Олексеј Арестович, советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски, упати предупредување до украинските војници да ги почитуваат правилата на војувањето и Женевската конвенција, откако беше објавена снимка на која група руски заробеници се измачувани и убивани.

На снимката, Украинците им пукаат во нозете на Русите, со цел да ги осакатат, а некои од нив тешко ги претепуваат, по се изгледа до смрт,
Украина не измачува заробени војници. Ние сме европска земја. Настаните на снимката по се изгледа се воено злосторство, рече Арестович.

Од друга страна, генерал Валериј Залужни, началник на украинскиот Генералштаб, обвини дека снимките се манипулација со цел да се дискредитира украинската армија.

Снимката беше објавена на некои портали