септември 28, 2022

Италија стравува од Македонија, бара одложување на колото за подготовки

Италијанската фудбалска федерација (ФИЦГ) побара денеска од Серија А да го одложи колото кое е на програмата пред мартовскиот мундијалски бараж против македонската репрезентација со цел Азурите да имаат повеќе време за подготовки.

Како што денеска јавија локалните медиуми, претседателот на ФИЦГ Габриеле Гравина бара да се одложи 30. коло во Серија А, кое е на распоредот на 19 и 20 март, спроти дуелот против македонската репрезентација на 24 идниот месец во Палермо. Пет денови подоцна победникот од дуелот во Палермо ќе игра на гостински терен против поуспешниот од пресметката меѓу Португалија и Турција за место на Мундијалот во Катар.

– Ние побаравме одложување на колото и се надеваме дека тоа ќе биде одобрено за да добиеме уште неколку денови за подготовки. Доколку не се квалификуваме на Светското првенство, кое го симболизира фудбалот во нашата земја, тоа би било уште едно грдо поглавје, изјави Гравина.