декември 2, 2023

ИНДИЈА ЌЕ КУПУВА РУСКА НАФТА, ГАС И ЖИТО

Поради санкциите на Западот кон Русија, индиските власти размислуваат да купат руска сурова нафта и други стоки по намалени цени со размена на рупии за рубљи.

Индија увезува 80% од вкупните потреби за нафта, а само 2% до 3% од тоа доаѓа од Русија. Но, бидејќи цените на нафтата се зголемија за 40% во изминатите неколку месеци, владата бара начини да го зголеми увозот од Русија доколку тоа значи пониска сметка за енергенси.

„Русија нуди нафта и други производи со големи попусти. Ние би биле среќни да го купиме сето тоа. Имаме проблеми со танкери и складирање што треба да ги решиме пред тоа. Откако ќе го направиме тоа, ќе ја прифатиме понудата“, изјави официјален претставник на индиската влада за Ројтерс.
Меѓународните трговци ја избегнуваат трговијата со руска нафта за да не се најдат под санкции, но се чини дека тоа не ја спречува Индија, која веќе работи на воспоставување механизам за размена на рупија-рубља за да овозможи плаќања.

Индија, исто така најави купување на гас и житарици од Русија бидејќи добиле цени кои им се прифатливи.

Русија побара од сите „пријателски нации“ да продолжат да одржуваат трговски и инвестициски односи. Индија има долгогодишни одбранбени врски со Русија и не гласаше во ОН за осуда на инвазијата на Украина, но повика на прекин на насилството.

tekstot prezemen od Vecer