септември 28, 2022

Индија купи три милиони барели нафта од Русија

Индија купи три милиони барели нафта од Русија, на која многу земји ѝ воведоа многубројни санкции поради војната против Украина.

Индиски функционер, кој не сакаше да биде именуван, рече дека нема санкции или пречки владата да купува нафта од Русија, пренесуваат медиумите во светот.

Функционерот изјавил дека купиле три милиони барели нафта од Русија на почетокот на неделата и дека ќе купат повеќе нафта и покрај повиците од САД и други земји да воведат санкции кон Русија.