Има 2.5 милиони матични броеви а биле пошишани 2.1 милиони. Австралија се попишале 3100, Канада 1900..?

Деновиве беа објавени првите неофицијални резултати од пописот според кои во Македонија, околу 65 отсто се Македонци, околу 24,7 се Албанци, и 10-12 отсто се припадници на други заедници. Неофицијално, во земјава живеат 1 милион и 800 илјади граѓани, а заедно со дијаспората сме 2,1 милион жители, што значи дека околу 300.000 лица живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број изнесува 2,5 милиони. Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, Македонците би излегле од 60 до 62 проценти, Албанците 29,5 проценти, а припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10 проценти.
СМК потсетува дека од 1 март до 30 септември 2021 година “самопопишани“ во Австралија се околу 3.100 македонски државјани, во Канада 1.900, а во Соединетите Американски Држави 9.000, иако ДЗС информира дека заклучно со 30 септември 2021 година: (1) во странство биле “самопопишани“ 203.144 македонски државјани, претежно во Европа, И (2) евидентирани биле 1.832.696 матични броеви од граѓани во земјата со бројни малверзации, наспроти вкупниот број запишани избирачи во Избирачкиот список – 1.824.864 заклучен на 24 септември 2021 година!