септември 28, 2022

Излезе од печат МАКЕДОНИЈА МАЈКА НА СВЕТОТ од Петар Поповски

Нема опис за фотографијата.

Почитувани пријатели, Вие кои сте љубители на историјата, особено на вистината за Македонија и Македонците. Ве известувам дека излезе од печат мојот научен труд, под наслов: МАКЕДОНИЈА МАЈКА НА СВЕТОТ. ФАКТИ ПРЕД КОИ И БОГОВИТЕ СЕ ПОКЛОНУВААТ. Студијата е градена врз автентични извори, кои намерно и тенденциозно се криени од страна на западната псевдо-наука и историографија. За приложениот доказен материјал во овој труд не постојат против-аргументи, бидејќи станува збор за материјални сведоштва, за артефакти со натписи на древномакедонски јазик и писмо, од палеолитот (800.000-500.000 г. п.н.е), до неолитот (3000-2000 г. п.н.е.). . Всушност, секаде каде што стапнал Македонецот во сите историски епохи и на кој и да е континент, оставил свои трајни и неизбришливи траги и материјални сведоштва, регистрирајќи ги во континуитет и двата кода за македонската вистина, името ЗЕТА МАКЕДОНИЈА и името на БОГОТ НА СОНЦЕТО ИЛ (Иле, Илија, Сол, Соле), последните називи според дијалектните особености на одделните македонски племенски групи. Читајќи го насловот, негаторите на историјата на македонскиот народ ќе ме оквалификуваат како романтичар. Сметам за потребно да истакнам, дека насловот не е моја измислица, дека истата максима е содржана во повеќе научни трудови кај видни научни работници со светски глас.Всушност, насловот го позајмив од една Енциклопедија издадена од Ватикан на почетокот од 17-от век, во која во одредницата за Македонија стои напишано: МАКЕДОНИЈА Е ПАПОК И МАЈКА НА СВЕТОТ, КАДЕ ШТО Е РОДЕНА ПРВАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА ВО ЕВРОПА…Епитетот МАЈКА, кој е содржан во научните трудови на голем број научни работници, исто така, со светски глас, припадници на објективната наука, Македонија го доби поради тоа што СВЕТОТ ГО ДАРУВА СО ЈАЗИК, ПИСМО (Кирилица, Латиница и Мореица, последниот од страна на дивиот англосаксонски свет наречен – грчки) И МНОГУ ДРУГИ ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ВРЕДНОСТИ. Станува збор за факти, кои аргументирано, со несоборливи материјални сведоштва НИ ЈА ОТКРИВААТ ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ. .
Оваа и сите други студии издадени од авторот можат да се најдат во следниве книжарници: МАТИЦА МАКЕДОНСКА, КУЛТУРА и СУПРЕМА во Скопје, ПРОСВЕТА во Охрид и КУЛТУРА во Струмица.https://www.facebook.com/profile.php?id=100003330442684&__cft__[0]=AZWA29jXARTbjJ3QAvWMfBLpvaVFQfnHIikYqG_rxqKub083PXk8lyWqqIbF5iycYniLLPBIbzhkJPfb3Z83IIqCVWXPPTZ2cOy9PH1SHgA4b7g076N68gne03Zc81KTec7f564LxI5C511kLN329UxSe8ezd2mDG-2UQsMaInSHFsSuemsOnR560Ut-ao3SjwbPAXvOUYuBycFU8aYTQxwe&__tn__=-UC%2CP-R