јуни 10, 2023

ИЗЛЕГУВАМЕ АКО ВО ГРАДОТ НЕМА НИТУ ЕДЕН УКРАИНСКИ ВОЈНИК

Русите се согласија да го напуштат украинскиот град Славутич по масовните протести на Украинците. Руската војска денеска влезе во Славутич, град во близина на нуклеарната централа Чернобил. Според договорот, на руската армија ѝ е дозволено да го пребарува градот во потрага по украински војници, а потоа мора да се повлече. Исто, пред градот треба да остане само еден руски контролен пункт.
Во видеото објавено на Фејсбук, градоначалникот Јури Фомичев е прикажан како денеска им се обраќа на жителите и им кажува дека ќе мора да „комуницираат со окупаторите“ откако руските војници влегоа во градот. Фомичев им рече на жителите дека Русите бараат сите кои поседуваат оружје да го предадат. Градоначалникот на демонстрантите им кажа дека Русите се согласиле да се повлечат под услов „во градот да нема украинска војска“.

Според договорот, на руската армија ѝ е дозволено да го пребарува градот во потрага по украински војници, а потоа мора да се повлече. Исто, според договорот, пред градот треба да остане само еден руски контролен пункт.

Во Славутич живеат околу 25.000 луѓе. Градот се наоѓа веднаш надвор од т.н. исклучени зони околу нуклеарната централа Чернобил, која во 1986 година беше сцена на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата.