октомври 1, 2022

Избрана е новата Влада

Собранието ја изгласа новата Влада на Димитар Ковачевски, 62 пратеници гласаа за. Изборот на новата Влада доаѓа по оставката на Заев која следеше по дебаклот на локалните избори. По поразот на локалните избори Заев поднесе оставка и си назначи свој наследник. Така новиот мандатар и новата Влада немаат легитимитет затоа што не се дојдени по парламентарни избори, туку по пораз на локалните избори нешто што дополнително го намалува легитимитетот на новата власт. На ова укажува и опозицијата иако неуспешниот обид на опозицијата за формирање ново парламентарно мнозинство и да ја преземат власта делумно ја оправдуа и легитимира новата власт и пазарењата за нејзиното формирање. Сепак назначувањето на свој наследник од страна на Заев и како премиер и големиот пораз на СДСМ на локалните избори го намалува легитимитетот на оваа власт. Јавноста се чини дека апатично следи што се случува на политичката сцена.