Ивановски нов балкански првак во полумаратон

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски освои златен медал на Балканското првенство во полумаратон кое денеска се одржа во Тирана. Македонија доби балканаски првак.
Ивановски до титулата балкански првак дојде со нов македонски рекорд, истрчувајќи ја полумаратонската трка со време 1:4:65 секунди.
По дождливо време меѓу учесниците од 22 држави, свој настап на трката во Тирана имаше и вториот македонски полумаратонец Атанас Анчевски.