септември 28, 2022

Ибрахимовиќ мрази војни, не гледа тв за да остане позитивен

– Тешко е да се зборува во војна, многу е тешко. Мојата порака ја пренесувам преку фудбалот. Ќе играме фудбал и ќе се обидеме на тој начин да шириме енергија и љубов. Трагично, ова што се случува денес воопшто не треба да биде. Треба да се справиме со работите на нормален начин во 2022 година, а не да поминуваме низ војни каде луѓето треба да страдаат за работи што не треба. Само што ја поминавме пандемијата, излеговме од неа и војната започна… – рече Ибрахимовиќ. Напаѓачот на Милан додаде дека избегнува да ги следи настаните и се труди да биде позитивен.

.-Сакам да бидам позитивен, да споделувам љубов и да имам мир. Мир и љубов. Тоа е она за што се залагам и се надевам дека ќе дојде што е можно поскоро. Да бидам искрен, го исклучувам телевизорот и не следам медиуми. Ми кажаа дека се зборува за овие настани, но јас не ги следам. Се надевам дека работите ќе се решат, но избегнувам да следам. Јас сум против се и против војна, тешко е, но се фокусирам на некои други работи – призна Швеѓанецот.

Шведска во четврток ќе игра против Чешка, а победникот од тој меч ќе игра против Полска за пласман во Катар, Чешка поради елиминацијата од Русија отиде директно во финалето.

.-Сакам да бидам позитивен, да споделувам љубов и да имам мир. Мир и љубов. Тоа е она за што се залагам и се надевам дека ќе дојде што е можно поскоро. Да бидам искрен, го исклучувам телевизорот и не следам медиуми. Ми кажаа дека се зборува за овие настани, но јас не ги следам. Се надевам дека работите ќе се решат, но избегнувам да следам. Јас сум против се и против војна, тешко е, но се фокусирам на некои други работи – призна Швеѓанецот