декември 2, 2023

ЗОШТО РУБЉАТА ДЕНЕСКА Е ПОСИЛНА ОТКОЛКУ ПРЕД ВОЈНАТА

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

По најавените нови санкции на западот кон Русија, денес руската рубља се искачи на 76 рубљи за американски долар и 82 за еврото, достигнувајќи го највисоко ниво во однос на главните светски валути споредено со 23 февруари, ден пред да почне војната во Украина, пишува Русија Денес. Забраната за одлевање на капитал во странство, строгите мерки за замрзнување, зборовите на Путин дека за гасот ќе се плаќа во рубљи и фактот дека Русија продолжи да купува злато се работите кои придонесоа за ова, закрепнување, иако не се знае колку долго ќе трае со оглед на тоа што војната се уште трае а западот најави нови санкции со кои се закани дека ќе ја урниса руската економија.

Во текот на минатиот месец рубљата имаше историски пад и преполовување, па на 7 март падна на 150 рубљи за долар. За падот на рубљата придонесоа и западните санкции кои ги замрзнаа девизите во странство на Русија. Тоа значи дека националната Банка на Русија не можеше да ја поддржи својата валута продавајќи девизи.