јуни 10, 2023

Зошто попис наспроти отпорот на народот и зошто не го прекинаа по бојкотот од дијаспората

Очекувано беше дека на крај бојкотирачите ќе направат штета откако се виде дека мнозинството граѓани се помири со тоа дека ќе има попис и го прифати. Сепак на крај требаше да преовладее разумот и да се согледа состојбата а не само заради инает кон власта да се создадат последици слично како со бојкотот на последните парламентарни избори. Нискиот излез на последните избори е делумно причина и за сегашната поделба на власта ама и затоа што власта не се смени. Тогаш бојкотирачите велеа дека победата на ВМРО ќе ја легитимира промената на името ама што имаме сега? Требаше да има повисок излез на изборите дури и да гласаа за СДСМ или за друга партија ако мислеа дека ВМРО ќе ги легитмира уставните измени и промената на името.
Инакау разбирливи беа ставовите на бојкотирачите што се однесува на пописот и отпорот да се попишат после се што се случуваше последните години, пред се по промената на името на државата и уставните измени и договорите со соседите. Тие велеа дека не се попишуваме во држава Северна која не ја признаваме ама забораваа дека така со намален процент на Македонци во државата го поткопуваат статусот на мнозинството. Така тие го прават истото за што ја обвинуваат власта. Разбирлива е недовербата кон власта кога често се зафаќаше да спроведува нешто наспроти отпорот на народот ама пред се после промената на името наспроти волјата на народот, тоа може да создаде само недоверба. И во овој случај не е разбирливо зошто власта упорно сакаше да спроведе попис наспроти расположението на народот, дури да сакам да најдам разбирање не можам да го најдам, дури и наспроти расположението на еден дел од народот зошто е тоа важно за власта да изведе таков попис. Изминатите турбулентни години требаше да бидат причина за воздржаност од власта, нели добра власт треба да ги слуша и да ги земе предвид ставовите на граѓаните дури и на помалите групи. Друго и најважно; несфатливо е што и по бојкотот на пописот од дијаспората во Австралија и Америка сепак статистика и власта продолжија со пописот како ништо да не било. Зошто? Ако за домашните бојкотирачи статистика сметаше дека со вкрстени податоци ќе ги попишат и ги попишале ама без графа националност со што бројот на попишани Македонци го свеле на под 60 %, инаку би биле 65 %: тогаш зошто не го прекина пописот по бојкотот на Македонците во Австралија и Америка, зошто такво непријателство кон нивното расположение да не се попишуваат. Овој попис без попишаните во дијаспората не е точен, овој попис само го продолжува во државата хаосот што го почнаа шарените и семето на раздорот што го посадија.