Златните војни меѓу Де Гол, Британија и САД.

Имено во 1961та е создаден така наречениот Златен базен каде 10 држави од западна европа ги складирале своите златни резерви во централната банка на Англија и од тука со ова количество на злато требало да се конторлира проджабата на злато, да биде 35 долари за унца или 28 грама на злато. Ова било супер бидејќи на овој начин се контролирале курсовите на валутите оти тогаш повеќето биле врзани за злато односно немало зголемување на резервите на злато на држави кој имале посилни економии. Но проблемот настанал кога Де Гол како претседател на Франција решил во 1965 година да ги зголеми резервите со злато на франција со цел да го зајакни франкот поради губењето на Алжир. За да купи злато морал да има долари по тој договор од 1961. Предноста била што Франција во 1960тите е втора економија во светот и имаат многу многу долари, пред се имаат долари од нивните нафтени компании во Ирак и Алжир. Кога Де Гол побарал продажба на злато од Златниот базен во Лондон овие одбиле да му продадат бидејќи немале толку злато колку што испечатиле долари. Поради ова Де Гол ги повлекува своите 80 тони на злато од тој Златен базен шо ќе предзивика пад на берзата на доларот бидејќи немаат повеќе покритие во злато за таа количина на долари па и фунти. Тогаш Де Гол и Франција почнуват да купуват злато од други извори кои се Русија, Јужна Африка и приватни сопственици на злато пред се од Швајцарија и со тоа се нарушило правилото на златниот долар. Се повеќе се продавало злато по поскапа цена од тие 35 долари по унца (*28 грама) бидејќи имало голема побарувачка. Ова ќе предизвика и други држави да ги повлечат своите резерви од Златниот базен и така тој ќе колабрира во 1967 година во Декември месец. Со тоа Британија и САД паѓаат во инфлација во тој период. Ова нема да помине не казнето од Америка и Англија кој ќе почнат да ги организират студентските протести во Франција каде што Де Гол во 1968 ќе си даде оставка.
Јужна Африка и Родезија заради рудниците со злато но и одмаздата на Бурите против Британската империја ќе биде причина овие афрички држави во следните години до кај 1985 да бидат ставени под тешки санкции и изолација.
Трговијата со злато до 1980 ќе достигни 859 долари за 28 грама на злато благодарение на Де Гол кој ќе го руши примато на златниот долар и златниот стандард воспоставен од 1944.
Текстот е преземен од социјалните мрежи и оригиналниот може да се види на следниот линк: