септември 26, 2022

Земјотрес од 3.9 степени на македонско- албанската граница

Посилен земјотрес со јачина од 3,9 степени по Рихтер ноќва е забележан околу албанско- македонската граница, јавува Европско медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот со јачина од 3,9 степени по Рихтер беше почувствуван во 02 часот и 41 минута по македонско време. Истиот беше почувствуван во југозападна Македонија.
Епицентарот на земјотресот е на 15 километри од Подградец, гратче на албанската страна од Охридското езеро, односно на 51 километар од Елбасан на длабочина од 10 километри.
Засега нема подетални информации за евентуална материјална штета.