Зеленски: Украинците да бидат горди, преживеале 50 дена под руски напад

Претседателот на Украина го поздрави својот народ за нивната решителност по инвазијата на Русија во февруари и за донесувањето на „најважната одлука за нивниот живот – да се борат“. Во своето ноќно обраќање, Володимир Зеленски им рече на Украинците дека треба да бидат горди што преживеале 50 дена под руски напад иако окупаторите им дале најмногу пет дена, рече дека дури и пријателските светски лидери го повикале да замине, несигурни дали Украина може да преживее, тој рече: „Но, тие не знаеја колку се храбри украинците, колку ја цениме слободата и можноста да живееме како што сакаме“.