јуни 10, 2023

Зеленски подготвен да се откаже од НАТО и да зборува за статусот на Крим и за „републиките„

Зеленски се „оладил“ за НАТО, откако увидел дека НАТО не е подготвен да ја брани Украина, пренесуваат украинските медиуми изјава на Зеленски за американска телевизија. Руските медиуми велат дека тој изјавил и дека е подготвен да зборува за Крим и за независните републики во Донбас.

– НАТО не е подготвен да ја прифати Украина. Алијансата се плаши од контрадикторни работи и конфронтација со Русија – изјавил Владимир Зеленски за американската телевизија Еј-Би-Си.

На прашањето за Крим како дел од Русија , а ДПР и ЛПР како независни републики, тој рече.

– Можеме да разговараме за прашања поврзани со привремено окупираните територии и непризнаените републики кои никој освен Русија не ги признал, овие псевдорепублики, можеме да најдеме компромис за идната судбина на овие територии. Најважно е како луѓето ќе живеат на овие територии кои сакаат да бидат дел од Украина. Кој во Украина сака да ги прифати? Прашањето е многу покомплицирано од самото признавање – рече Зеленски.