Зеленски навреден, европски премиер се сомневал во масакрот од Буча

Зеленски во изјава за Билд, рече дека – најлошо што сум слушнал – шеф на земја на ЕУ бараше доказ за руските злосторства.
Тој изјавата ја даде само неколку часа по ракетниот напад на железничката станица во украинскиот град Краматорск. Претседателот на Украина Володимир Зелески дал големо интервју за германскиот весник Билд.
Зеленски кажал за Билд дека шеф на владата на земја од ЕУ му побарал да му докаже дека злосторствата во Буча не се исценирани. Не сакал да открие за кого станува збор, но повеќе пати му кажал дека сака докази.