јуни 10, 2023

Зеленски загуби, украинските сили и градови се опколени, вели американски полковник

Борбата за источна Украина, генерално, е речиси завршена бидејќи таму се опколени и отсечени вооружените сили на Украина, вели американскиот полковник Даглас Мек Грегор .

– Од 30 до 40 илјади украински војници се концентрирани на југоисток – доколку не се предадат, ќе бидат уништени, оценува поранешниот советник на шефот на Пентагон.

Зеленски се согласил на преговорите бидејќи му е јасно и за да добие најдобри можни услови. Зеленски загуби, вели полковникот Даглас Мек Грегор, според него САД веќе му кажале дека ќе ја поддржат неговата одлука доколку ја избере неутралноста на Украина.

– Путин рече дека нема да толерира американски војници и ракети на неговите граници. Исто како што ние нема да толерираме руски трупи и оружје во Куба. Го игнориравме и тој почна да дејствува, изјави Мек Грегор.
Мек Грегор е убеден дека САД не треба да се мешаат во Украина, вклучително и санкции.

– Путин сака неутрален статус на Киев. Со Украина, ќе го добие НАТО на своите граници. Тоа е она што тој не го сака – нагласува Мек Грегор.