декември 5, 2023

За НАТО сега сме НМ, нема МКД, Грција барала

Делегација на НАТО во Брисел ги известува министерствата за одбрана и надворешни работи на Македонија, дека кратенката за Македонија која ќе се користи во НАТО ќе биде NM (North Macedonia).Во дописот, нашата мисија во име на НАТО објаснува дека праксата на Алијансата е имињата на сојузниците и партнерите да се испишуваат целосно, а кога тоа не е практично (од некоја причина) се користат кратенки согласно меѓународниот персонал на НАТО од шифри со две букви, кои се засниваат од првите букви на името на земјата, стои во дописот.Но, зошто во НАТО не го усвоиле кодот МК, ако три букви им биле многу, како што стои во договорот од Преспа и како што е пракса за сите организации каде што Македонија е членка?информации од дипломатски извори од МНР наведуваат дека зад ваквата одлука на Секретаријатот на Северо-атланскиот совет стои барањето на Грција до НАТО кодот за името наместо MKD или MK да ни биде NMK или RNM.Дека ова е побарано, знаеле во МНР, одбрана и владата уште пред локалните избори минатата година.Знаеле и тогашниот премиер Зоран Заев, тогашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров, министерката Радмила Шеќеринска, а знаат и сегашните министри Бујар Османи и Славјанка Петровска, велат нашите извори.Во НАТО веќе е донесена одлука кодот со 2 букви за нашата татковина да биде NM (North Macedonia) и за тоа како држава сме известени официјално.