Захарова: Украина се откажа од размена на заробеници затоа што руските заробени војници биле мачени

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија и Украина се договориле за конкретен план за размена на воени заробеници, но дека украинската страна се повлекла од договорот во последен момент. Без објаснување, украинската страна ги отфрли сите договорени позиции – изјави Захарова.
Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, се додава дека со сигурност е утврдено дека руските затвореници биле подложени на тортура.