октомври 1, 2022

Захарова: Полска не им дозволува на бегалците од Украина да пристигнат во Русија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска ја обвини Полска дека спречува бегалци од Украина да пристигнат во Русија.

-Варшава прави сè што е во нејзина моќ да ги спречи луѓето од Украина, кои сега се во Полска и сакаат да дојдат во Русија … Полска само ги засилува нивните страдања, наведе Захарова. (МИА