јуни 10, 2023

Загрижувачки податоци: секое десетто дете има анксиозност

Нема истражувања за тоа како и колку влијаат општествено- политичките случувања врз децата и младите? Колку во ова има удел политичката состојба и случувањата во државата последните години? Децата знаат да стануваат незаинтересирани и да се изолираат од се наокулу – ама колку е апатијата добра како одбранбен механизам. Во крајна линија никој не може да биде поштеден од сеопштата врева окулу него, од поделбите, гневот и фрустрациите кои се присутни подолго време. Дали и колку помладите генерации ја плаќаат цената?