декември 2, 2023

Забрана на руски класици, на уметници и спортисти


Во рамки на хистеријата против Русија се оди до таму што се прозиваат луѓе што не се изјасниле или не зазеле позиција во однос на конфликтот. Се бара нивниот став, нивното изјаснување или заземање страна, секако дека се бара анти руски став. Имаше еден куп откажувања на настапи на руски уметници и спортисти. Во Германија сепак не ги избркаа од тамошните лиги руските фудбалери, каков потег би бил тоа? ама имаше бркање од параолимписки игри на руски и белоруски екипи и други слични примери. Савичевич рече дека спортистите не се виновни и ја спореди ситуацијата со југословеснките спортисти во 90 – тите кои ни криви ни должни се најдоа во слична ситуација. Ист третман имаа и уметниците, нивните настапи најчесто беа откажувани, дури беа забранети изведби на дела на руски класици, некој вид на шизофренија. Сепак Западот вика дека Русија и рускиот народ не ни е непријател туку власта ама за оваа хајка колку и да се бара некое оправдување дека се прави за да се вразуми Русија, и да сфати дека светот ја осудува, сепак таквиот третман врз поединци остава вкус на фашизам. Прозивањето на луѓето да се изјаснат е упад во приватноста или во интимниот простор и не е нормално дури ни за војна.
Покажувањето со прст за прорусизам исто е забранување на сето различно или спротивставено мислење, се бара единство и застанување во ред против Русија и против она што за Западот претставува недемократско општество кое меѓу другото спроведува цензура дома ама што е таквото покажување со прст, цензура и повеќе. Деновиве исто и во САД се напаѓа човек експерт кој пред десет години укажувал дека Западот ја турка Украина во бездна. Сепак изгледа војна е, и не само во Украина туку во целиот свет, секој кој ќе искаже спротивен став на официјалниот унифициран став на Западот мора да го земе предвид сето ова.
Забраната на руските класици е некој вид на забегување, иако тие се мртви и не треба да ги жалиме, со нивната забрана веројатно губат оние што ги забрануваат и се лишат од нивната уметност иако секоја уметност е заменлива, односно не е незаменлива, човекот може и без уметност. Само нивната забрана претставува нешто необично и нерационално како некој вид оградување од дел од светскиот дух кој и досега имал несомнено некаква улога во градењето на ова цивилизација и на нејзиниот универзален дух. Можеби по необично би било забранувањето и лишењето на некој научник како Менделеев или пошто не можеме да се лишиме од неговото дело ќе му го забраниме само името а со неговото дело и со тоа што е изградено врз неговото дело подоцна сепак ќе се користиме.

Во ситуација кога има војна и гинат луѓе, се крвави, илјадници човечки животи и судбини се изгубени или се во ризик да го изгубат и животот се чини дека не треба да загрижува односот кон спортистите, кон уметниците и др . Ама дали е така?