јуни 10, 2023

ЕУ е зависна од руски енергенси и не планира да ги следи САД во забраната на увоз на нафта од Русија

Се повеќе европски држави се изјаснуваат дека се зависни од руски енергенси и дека не можат да воведат забрани за увоз на нафта и гас од Русија. По Германија, Холандија, Бугарија, најнова во серијата е Унгарија.
Орбан изјави дека Унгарија е зависна од руските енергенси и дека не може да се приклучи на забраната за увоз на нафта и гас.
На Унгарија се уште и се потребни рускиот гас и нафта и земјата нема да се приклучи на САД, кои воведоа санкции за увозот на тие производи, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Германија беше првата држава која се изјасни против таквата забрана, Германија смета дека без руска нафта и гас ти нема да можат да се движат. Германија окулу пола од енергенсите ги увезува од Русија. Бугарија исто така побара да биде изземена од воведувањето на такви санкции. Холандија слично како и Бугарија се изјасни дека не можат без руски енергенси. Турција уште на почетокот ја исклучи можноста од воведување на санкции кон Русија.
САД покрај другите санкции воведоа и забрана на увоз на руска нафта, Лондон исто така повикува на забрана на увоз на нафта. Лондон ги повика Г7 да не купуваат руски енергенси.