септември 27, 2023

ЕУ е благодарна за санкциите кон Русија, но нема да помогне за последиците

ЕУ не планира помош за земјите од Западен Балкан за ублажување на последиците од санкциите што ги воведоа овие земји кон Русија.

Компензации за земјите кандидати кои се усогласени со санкциите на ЕУ, не се предвидени, велат од Европската комисија.

За разлика од Македонија и Албанија, Србија, која веќе преговара со ЕУ, не ги следи санкциите на ЕУ, а во други земји во регионот, како Црна Гора, чија економија е поврзана со руската, би можеле да одлучат до летото да ги олеснат санкциите кон Москва за да ги ублажат последиците врз домашните економија.

Стано, прашан за ова, одговори дека од земјите кандидати се очекува да се усогласат со санкциите и дека Европската комисија го цени фактот што Србија и Турција, кои не ја санкционираа Русија, ја поддржале резолуцијата за осуда на руската инвазија на Украина во Обединетите Нации.

Во меѓувреме низа европратеници испратија писмо до Европската комисија за да ги замрзне преговорите со Србија поради тоа што не ги следи санкциите на ЕУ.