ЕУ бара Гугл да ги избрише руските државни медиуми за да не може да се пребаруваат

ЕУ бара од Гугл да ги тргне резултатите од руските државни медиуми за пребарувањата во земјите во ЕУ. Гугл го доставил писмото од ЕУ во базата на податоци за владини барања, пишува Вашингтон Пост. Во писмото се вели дека пребарувачите играат главна улога во ширењето на содржината и дека јавноста лесно има пристап до содржината на тие медиуми.
Европската Комисија ја забрани работата на државните руски медиуми неколку дена по почетокот на руската инвазија на Украина за да „ не можат да ги шират своите лаги за да ја оправдаат војната на Путин“.
Тогаш Фејсбук, Твитер и ТикТок го ограничија пристапот до РТ и Спутник низ Европа. Своите ограничувања ги објави и Гугл, но само за Јутјуб каналите.