декември 2, 2023

Европските држави ги укинуваат мерките против пандемијата

Некоку европски држави како Англија, Франција, Данска, Норвешка, Шведска и др најавија укинување на рестрикттивните мерки против Ковид.
Шведска вчера ги укина речиси сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на корона вирус, набргу откако соседна Данска го стори истото.

Се укинува досегашното работно време во рестораните и кафулињата, а веќе не важат ниту правилата за одржување физичка дистанца. Нема да важи и ограничувањето на бројот на посетители на настани и собири. Шведските граѓани повеќе не мора да носат маски на преполни места или во јавен превоз. Оваа одлука Швеѓаните ја прославија синоќа во ноќните клубови, останувајќи до раните утрински часови.

Ублажени се и правилата за патниците во Шведска. Граѓаните на Европската унија повеќе не мора да покажуваат доказ за вакцинација, негативен тест или потврда дека прележале Ковид-19 при влез во земјата.

Владата и здравствените власти најавија укинување на мерките минатата недела, велејќи дека пандемијата влезе во нова фаза, а случаите на инфекција со омикрон варијантата се поблаги од претходните мутации
И данските власти претходно донесоа одлука за исклучување на ковид-19 од категоријата критични болести, а од денеска се укинуваат сите ограничувања во таа земја
Од 23 часот повторно ќе биде дозволено да се служи алкохол во рестораните, а ќе се укине и ограничувањето на бројот на гледачи на активностите, вклучително и театрите и спортските натпревари
Норвешките власти планираат од 17 февруари да ги укинат сите мерки против коронавирусот.

Премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стере, на прес-конференција најави дека ќе се ублажат мерките против ковид, а ќе бидат укинати на 17 февруари.
Франција најави укинување на мерките уште пред недела дена, исто и Англија, премиерот Џонсон во неколку наврати најави укинување на мерките.