Дијаспората со свој став за пописот: “Северна” прво да си најде државјани па потоа да ги попишува

Соопштение,
Во врска со престојниот попис кој треба да се спороведе во месец април оваа година а со кој треба да бидат опфатени и државјани на Република С. Македонија кои моментално се наоѓаат во странство ве известуваме дека во Австралија не постојат такви државјани и соодветно на тоа ние не чуствуваме потреба да учествуваме на претстојниот попис.
Право на одредено лице за стекнување на државјанство на некоја држава може да следува врз основ на некакви критериуми но тоа не може насилно да се наметне.
Како државјани на Република Македонија можеби имаме право на стекнување на државјанство на илегалната креација Република С. Македонија но за да таквиот чин биде легален потребно е да има согласност и од наша страна.
Секое насилно наметнување на некакво си државјанство на Република С. Македонија спротивно на нашата воља го сметаме за нелегален чин и само уште една потврда дека нашата татковина е под фашистичка окупација.
Окупационата влада изгледа тоа многу добро го знае и затоа државјанството на македонските граѓани им го дефинира со коси црти.
Сметаме дека државата Република С. Македонија најпрвин треба да ги ажурира односно утврди државјанствата на своите жители а дури потоа да спроведе попис.
Истовремено бараме да се почитуваат основните човекови права на сите оние жители кои нема да сакаат да станат нејзини државјани. Тука би ги спомнале само неколку од нив како што се правото на засновање на работен однос, право на здравствено осигурување, право на поседување на имот, право на поседување на патни исправи, право на самоопределување, право на негување на сопствената култура и традиција итн
Никогаш Северна, Само Македонија!
15 Фебруар 2021 год
Група на иселеници од Австралија