септември 26, 2023

ДИМИТРИЈЕВИЌ – МВП: ЈА УРНА БАРСЕЛОНА

Mаестрална партија на македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ. Валенсија на домашен терен ја пречека Барселона и приреди вистинска сензација, после четири години успеа да го урне каталонскиот гигант, славеше со 86-74. Последен пат Валенсија славела против Барселона во јануари 2018 година.

Нашиот најдобар кошаркар беше лидер во редовите на домашниот состав, беше МВП на средбата, поентираше, го разигруваше тимот. Димитријевиќ мечот го заврши со 16 поени (0/1 за три, 5/9 за два, 6/6 за еден поен), седум асистенции и четири скока. Тој мечот го заврши како прв стрелец.

Валенсија одигра одлично второ полувреме, на три минути до крајот дојде до двоцифрена предност од 79-69, и покрај обидите на каталонскиот гигант, успеа да донесе радост на својата публика и воедно да им го нанесе четвртиот пораз на гостите оваа сезона во Лига Ендеса