јуни 10, 2023

Дејан Георгиевски втор,победи Грк ама изгуби од Русинот

Македонецот го тепа Гркот ама изгуби од Русинот. Георгиевски го освои второто место на Президент Купот Г2, Русинот Ларин одново кобен за Македонецот.
Македонскиот теквондист, Дејан Георгиевски забележа нов голем успех на меѓународна сцена, откако на „Президент Купот Г2“ кој се одржува во Тирана го освои второто место. Сребрениот од последните ЛОИ, oлимпискиот вицешампион во таеквондо, Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на „Президент Купот Г2“ кој се одржува во Албанија.

Тој во финалето исто како и на Летните олимписки игри во Токио минатата година беше поразен од Русинот, Ларин. Георгиевски подобро ја почна борбата и брзо стигна до водство од 4-0. Русинот возврати со иста мера, а во финишот со серија од 15 поени успеа да стигне до победата.

Претходно Георгиевски совлада двајца противници, Гркот Ангелопулос и Французинот Ел Омар, со што се пласира во полуфиналето.

Од Дејан Георгиевски се очекува повторно медал и на следните Олимписки игри во Париз, тој и неговиот тим го најавија тоа по сребрениот медал од Токио.