октомври 1, 2022

Денес Македонците одбележуваат 150 години од раѓањето на Делчев

Големиот македонски револуционер Гоце Делчев е роден на денешен ден, 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Делчев се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков.

Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.