Денес е Водици
Традиционално во Македонија во многу населени места, свештениците го фрлаат крстот во некоја поголема вода – базен, река, езеро, а луѓето скокаат во водата во обид да го фатат крстот. Се верува дека оној што ќе успее да го фати крстот ќе биде среќен во текот на целата година.
Овој свет ритуал го симболизира влегувањето на синот божји во реката Јордан.
Според преданието, Водици е денот кога водите стануваат лековити. Токму затоа многумина си земаат од испеаната (светена) вода за дома, или пак му приоѓаат на попот да ги попрска со истата за среќа, здравје и бериќет
Водици или Богојавление е денот во кој Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, според христијанското предание.
Со овој голем празник се заокружуваат дванаесетте т.н. „некрстени денови“.