ноември 30, 2022

Денес е Велики Четврток

На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, се бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца.Првото јајце, божјаче, откако ќе се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики четврток, и само ова јајце не скапува!

Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој е шести ден од Страсната седмица, односно пет дена по Лазаровата сабота и четири по Цветници. А според западното христијанство тој е петти ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Христос.