октомври 1, 2022

Дека во Украина имало биолаборатории на САД, тврди и поранешен премиер на Украина, Николај Азаров

Од 2005 година имало таен договор меѓу САД и Украина за тајни истражувања во украинските биолаборатории. НИКОЛАЈ АЗАРОВ : САД СО ГОДИНИ РАЗРАБОТУВАА РАЗНИ ВИРУСИ ВО БИОЛОШКИТЕ ЛАБОРАТОРИИ ВО УКРАИНА -Ексклузивно интервју со Николај Азаров, премиер на Украина во периодот од 2010 до 2014 година. Важи за премиер со најдобри економски резултати во историјата на Украина. 10-ти март, преку Skype се одржа онлајн интервју на бившиот премиер на Украина, Николај Азаров со група акредитирани новинари од странство. Ова е само дел од интервјуто, целото ќе биде објавено во наредниот период.ПРАШАЊЕ: Во светот сега главна тема се биолошките лаборатории во Украина. Министерството за одбрана на Руската Федерација објави документи за активностите на тие лаборатории во Украина. Вие како бивш премиер на Украина, сигурно сте биле запознаени со тоа. Колку од тврдењата на Министерството за одбрана на Руската Федерација се точни?Николај АЗАРОВ: Тврдењата на Министерството за одбрана на Руската Федерација се точни! Дури и Викторија Нуланд за време на сослушувањето во Сенатот на САД тоа го призна, притоа изјавувајќи дека по никоја цена не треба да и’ се дозволи на руската армија да ги завземе тие лаборатории, и да дојде до документите за истражувањата кои биле вршени таму. Виктор Јушченко (Украински претседател од 2005-2010) и Јулија Тимошенко (Украинска премиерка од 2007 до 2010 година) потпишале незаконски договори со кои се дозволува формирање на де факто воени објекти на Пентагон на територијата на Украина. Според тие договори, сите резултати од истражувањата кои се вршат во лабораториите се тајни, и тие лаборатории се финансираат директно од буџетот на САД, преку Пентагон. Договорот кој е потпишан во 2005 година е во спротивност на нашиот Устав, кој не дозволува разместување на воени бази на територијата на Украина, посебно на биолошки лаборатории. Сето тоа било донесено без одлука на парламентот и без промена на Уставот на Украина. Во тие биолошки лаборатории цело време работат воени биолози и експерти од армијата на САД, и во истите не е дозволен пристап за Украинци.ПРАШАЊЕ: Како тоа Украинци немале пристап? Дури ни oфицијални лица и вие, како премиер?Николај АЗАРОВ: Од името на владата на Украина неколкупати се обратив до американските власти и до Пентагон да ни дадат целосни и подробни информации и извештаи за активностите во биолошките лаборатории на територијата на Украина. Побаравме од Американците детални информации за истражувањето и понудивме гаранции за апсолутна доверливост на сите доставени податоци. Тие постојано ги одбиваа нашите барања, повикувајќи се на договорот од 2005 година и на неговата тајност. Но, на мое инсистирање, тие организираа посета на една таква биолошка лабораторија за нашите експерти. Дозволија наши експерти да влезат во биолошките лаборатории, ги запознаа со опремата и капацитетите, нивото на заштита, системот за филтрирање на воздухот итн… Но, не ни кажаа ништо за видот на истражувањата кои се направени таму и биолошкиот материјал кој го користат. Поради тоа ние се одлучивме за акција.ПРАШАЊЕ: За каква точно акција се одлучивте?Николај АЗАРОВ: Во 2013 година, на владина седница, јас иницирав Украина да го раскине тој договор со САД и тие биолошки лаборатории да се затворат. Постапката беше започната и беше во тек, се’ до почетокот на 2014 година, кога во Киев се случи државниот удар, кој беше финансиран и разработен од САД, поточно од ЦИА, а главни извршители беа украинските нацисти. Нелегалните власти во Киев после државниот удар ја прекинаа постапката за раскинување на договорот со САД. Интересно е дека во САД, во согласност со Конвенцијата за биолошко оружје не се вршат истражувања на офанзивни биолошки оружја. Но, САД таквите истражувања ги врши во другите држави, меѓу кои и Украина. Илјадници граѓани на Украина учествувале во разни експерименти во тие биолошки лаборатории почнувајќи од 2005 година. Како резултат на тоа во Украина се појавија многу вируси и болести, кои што никогаш порано не постоеле на територијата на Украина. Потребно е светот да ја дознае вистината за истражувањата во тие биолошки лаборатории!____________________подготвил: Дарко ТОДОРОВСКИ, магистер по меѓународни односи и воен аналитича,

Текстот е преземен од социјалната мрежа Фб, кај што се споделува